четврток, 24 октомври 2024
Изјава на вицепремиерот

Проектот за 2 км пат до Блаце заглавил, едно било на хартија друго на терен, вели Битиќи

Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска призна дека двата километри автопат до границата со Косово се одолговлечи и се пожали на капацитетот на пректантите.

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека на барање на тие што аплицираа беше одложен крајниот рок неколку пати на тендерската постапка. Мислам дека наскоро ќе биде избрана и компанијата за 10-те километри. За двата километра е истата судбина како и секаде низ државата. За жал, јас сум кажал во неколку наврати дека во нашата земја недостигаат проектантски капацитети. Не навлегувам во тоа дали проектантските капацитети се такви затоа што има какви било намери, но имаше сериозни отстапувања од реалната состојба наспроти тоа што беше на хартија. И затоа заглави. Мислам дека наредните недели и тие два километри конечно ќе бидат пуштени“, рече Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања.

Вчера беше означено завршувањето на рехабилитацијата на патот Скопје – граничен премин Блаце во присуство на владини функционери, при што беше речено дека двата километри како автопат треба да бидат завршени во март.

Опозициската албанска коалиција на истото место упати критики поради тоа што, како што беше речено, постапките за изградба на автопат кон Блаце се започнати во 2020 година и дека трошоците оттогаш двојно се зголемиле, а без резултат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ