сабота, 23 ноември 2024

Продолжува крвавиот конфликт во Судан, со најмалку 56 загинати и над 590 повредени

Објавено на

часот

Сподели

Вкупно 56 цивили загинаа, а 595 се повредени во судирите ширум Судан, соопшти рано утринава Централниот комитет на суданските лекари, еден ден откако избија борбите меѓу суданската армија и владините паравоени сили.

Генералот Дагло рече дека неговите војници ќе се борат се додека не бидат освоени сите воени бази. Како одговор на тоа, суданските вооружени сили ја отфрлија можноста за преговори „до распуштање на паравоената РСФ“. Насилството избувна по неколкунеделните тензии меѓу началникот на армијата Абдел Фатах ал Бурхан и паравоениот командант Мохамед Хамдан Дагало, поради планираната интеграција на РСФ во редовната армија.

Судирите избувнаа по тензиите околу предложената транзиција кон цивилна власт. И армијата и нејзините противници, паравоените сили за брза поддршка (РСФ), презедоа контрола над аеродромот и другите клучни локации во Картум, каде борбите продолжија во текот на ноќта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ