петок, 18 октомври 2024

Признанија за хероите на нашите градови по повод Денот на пожарникарите

Објавено на

часот

Сподели

„Пожарникарите се хероите на нашиот град, кои секогаш будно следат и брзо дејствуваат за да ја заштитат нашата безбедност и сигурност, кои честопати изложувајќи се на опасни и тешки задачи нашите животи ги ставаат и пред својот. Брзата реакција при катастрофи, безбедноста и сигурноста на граѓаните се меѓу приоритетите на Градот Скопје, а тоа на терен секојдневно го докажуваат пожарникарите од скопската Противпожарна бригада кои несебично се вложуваат за да спасат човечки животи и јавни добра. Тоа ги прави херои на градот со кои граѓаните на Скопје се гордеат“, рече Арсовска.

Таа истакна дека се работи постојано за подобрување на условите за работа.

ж

„Продолжуваме посветено да работиме за унапредување на условите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, за обуки и опрема за пожарникарите кои се неопходни за зголемување на нивната подготвеност за интервенции, набавивме за прв пат по децении возила и опрема неопходни за нивната работа, а денес им доделуваме и парична награда како наша благодарност за тоа што го прават секој ден за да бидат граѓаните сигурни и безбедни“, рече Арсовска.  

Во рамките на денешното одбележување, скопските пожарникари изведоа три противпожарни вежби, а беше промовирана и новата противпожарна опрема набавена за потребите на Противпожарната бригада на град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ