Пристаништето ќе биде отстрането од својата локација на брегот на Газа во следните 48 часа и ќе биде префрлено во израелското пристаниште Ашдод, каде што ќе се врши поправка.
Поправките ќе траат повеќе од седум дена, што дополнително ќе ги одложи напорите да профункционира поморскиот коридор.
Американски официјални лица изјавија за Си-ен-ен дека пристаништето се урнало поради силна бура. Дел од пристаништето, кој се состои од тесен насип за транспорт на помош во Газа и поширок паркинг за испорака на залихи транспортирани со брод, се урна во неделата, соопштија официјалните лица.
Why can the government execute a half baked plan to deliver aid to Gaza on a floating pier that doesn’t float and wastes +$300 million… while millions of Americas are struggling financially?
Because they don’t have to make that money. They just steal it from you, reappropriate… pic.twitter.com/fEGgjYWsxG
— Nathan Spearing (@thespearing) May 28, 2024
Пристаништето, кое беше изградено за 320 милиони долари, започна со работа на 17-ти мај и беше отворено само седум дена.
Според Си-ен-ен, импровизираното пристаниште може да работи само кога морето е многу мирно, кога брановите не се повисоки од еден метар, а ветерот е помал од 25 километри на час.
Бидејќи овие услови не постоеја ни за време на изградбата, пуштањето во употреба исто така беше одложено со недели. Во Кипар, илјадници тони пратки сè уште чекаат да бидат испорачани по морски пат до Газа.