четврток, 24 октомври 2024

Приведени разбојници од Велес

Полициски службеници од полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај при СВР-Велес, денеска околу 8.30 часот ги лишиле од слобода М.Г. (25) и О.Т.(32), двајцата од Велес, соопштија од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата постапувала по претходно добиена пријава дека утрото околу 08 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница и со употреба на сила врз вработената, одзеле пари. 

„По кратко време, лицата се пронајдени и приведени во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во соопштението од МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ