сабота, 26 октомври 2024

Приведени двајца охриѓани, полицијата им нашла кокаин

Двајца млади охриѓани рано изутринава биле приведени во ноќен клуб поради кокаин, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

„Во 01:30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот Туристичка во Охрид, приведен е Х.П., на возраст од 29 години. Полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин. Во 02:30 часот, во ноќен клуб лоциран на истиот булевар, приведен е 31-годишниот Г.Ш., затоа што кај него полициски службеници пронајдоа кокаин“, се појаснува во соопштението.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ