понеделник, 25 ноември 2024

Приведени двајца турски државјани, престојувале во Македонија повеќе од дозволеното

На граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на излез од државата, полициски службеници во два засебни случаи, вчера уапсиле двајца државјани на Турција затоа што го пречекориле дозволениот престој во државата.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера напладне на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на излез од државата, полициски службеници ја привеле М.В. од Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека го пречекорила дозволениот престој во државата. Таа била предадена на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, за понатамошна постапка“, информираше МВР.

Четири часа порано, исто така на граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на излез од државата, полициски службеници го привеле Г.Б.(25) од Р.Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во државата.

„Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, за понатамошна постапка“, се наведува во билтенот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ