недела, 27 октомври 2024

Приведени девет лица во спортски центар во Карпош кај кои е најдена дрога

Полицијата соопшти дека во спортски центар во Карпош биле приведени девет лица кај кои била пронајдена дрога. Меѓу приведените едно лице е од Мексико, а едно од Косово.

Објавено на

часот

Сподели

„Во спортски центар на подрачјето на Карпош,  полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 9 лица: И.К.(41) од Скопје, Н.Ј.(29) од Пробиштип, П.В.(26) од Битола, С.Г.(31) од Скопје, Н.К. од Косово, Г.Г.Р.(31) од Мексико, Д.М.(23) од Скопје, Ф.П.(30) од Скопје и Н.И.(22) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ