понеделник, 28 октомври 2024

Приведен скопјанец, во неговото возило пронајдени деветмина Сиријци

Полицијата денеска попладне околу 17 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија го лишила од слобода Р.А. од Скопје. Тој бил забележан како во товарно возило форд со скопски регистарски ознаки превезува мигранти.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, возилото било запрено и во него биле пронајдени девет мигранти од Сирија.

Р.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ