понеделник, 28 октомври 2024

Приведен маж во полицијата во Зајас кој превезувал нелегално исечени дрва

Полицијата приведе маж од кичевско кој во автомобилска приколка превезувал дрва без документација за нив.

Објавено на

часот

Сподели

„Во с.Колари, кичевско, од полициски службеници од мобилната единица за компензаторни мерки во рамки на Одделот за гранични работи при БЈБ приведен е Л.З.(41) од истото село.

Тој во патничко возило сеат толедо со кичевски регистарски ознаки, со приклучна приколка, кое го управувал, превезувал нежигосано огревно дрво – бука. Исто така, при негова контрола било констатирано дека Л.З. не поседува никаква документација за дрвата.

Лицето е спроведено во полициско одделение Зајас и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението од МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ