понеделник, 28 октомври 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги денеска околу 18 часот на улица Маршал Тито во Штип го лишиле од слобода Ф. Ш. (39) од Зрновци, кој бил баран со потерница по наредба од КПУ Затвор Куманово за доиздржување на затворска казна.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, Ф.Ш. бил осуден на казна затвор од 2 години и 5 месеци за сторено кривично дело по член 144 став 3 и 378 став 3 од КЗ, а за доиздржување имал 1 година, 1 месец и 18 дена.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ