недела, 20 октомври 2024

Приведен е адвокатот Стојков, кој му помогна на Палевски да избега во Белград

Приведен е Васко Стојков, адвокатот на Љупчо Палевски Палчо, кој како што веќе имаше изјавено,  го превезувал Палевски од Скопје до Белград на 30 ноември. Обвинителството утре ќе одлучува дали ќе бара притвор за него.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно, како што објави МКД.мк, Стојков доцна попладнево беше повикан на распит во полициска станица, а потоа, како што вечерва јави Телма, е приведен и за него ќе се одлучува пред судија на претходна постапка за евентуален притвор.

Според тоа што Стојков го имаше изјавено, а откако на заедничката прес-конференција на МВР и скопското обвинителство беше речено дека Палевски е заминат во Белград заедно со неговиот адвокат, Стојков изјави за медиумите дека не знаел дека Палевски, кој му е пријател и му бил клиент во минато, е гонет за кривично дело.

Стојков рече дека Палевски го замолил, бидејќи немал возило на располагање, да му помогне и да го однесе во Белград бидејќи морал да оди на лекарски преглед. Адвокатот рече и дека откако дознал за случајот, а веќе бил вратен во Скопје, му пратил на Палевски порака да се врати во земјата и да се пријави заради расчистување на случајот.

Инаку, како што е познато, од Белград Палевски со сега приведениот Стефан Димковски, со возило ренџ ровер од Беглрад преку Бугарија заминал за Турција, во градот Баликесир каде е и приведен од турската полиција.

Палевски е првоосомничен за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ