понеделник, 28 октомври 2024

Приведен дилер на хероин во Гевгелија

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, денеска околу 13:30 часот во Гевгелија го лишиле од слобода А.К.(47) од Штип, со живеалиште во Гевгелија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, по претходно преземени мерки, тој бил затекнат со моторно возило БМВ, а при преглед на теренот, во близина на возилото, биле пронајдени и одземени повеќе опаковки хероин.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ