среда, 23 октомври 2024

Приведен 60-годишен битолчанец, дома му нашле петарди

Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишиле од слобода З.Т. (60) од Битола, во чиј дом и помошна просторија при претрес во периодот од 00.20 до 01.05 часот, биле пронајдени  4.080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 20.30 часот, на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, при преглед на патничкото возило поло со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т. , биле пронајдени 2.713 парчиња различни пиротехнички средства.

По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, најави МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ