среда, 30 октомври 2024

Притвор за битолчанец за нанесување тешка телесна повреда со нож

Објавено на

часот

Сподели

    За случајот, Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – тешка телесна повреда.

    „Осомничениот, на 24 јули, пред куќа на улицата ‘Сотир Брбевски’ во Битола, без особен повод или причина, со нож прободел и расекол едно лице во абдоменот, нанесувајќи му повреди на мускулатурата на предниот абдоминален ѕид и на тенкото црево, со што го довел во опасност животот на оштетениот#, информираат од ЈО.

    Оттаму, соопштуваат дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола доставил и предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице, сметајќи дека постојат законски основи за притворска мерка.

    Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, известуваат од ЈО. 

    ТОП ВЕСТИ

    ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ