Тој додаде дека станува збор за убиство со предумисла, во кое се вмешани повеќе различни центри на моќ, но дека албанската страна се обидува да го поврзе убиството со криминал, а не со тероризам.
„Тие сега се обидуваат да се извлечат од таа ситуација – тој избегал од затвор, без притоа да е распишана каква било потерница по него. Се поставува прашањето како е тоа можно и како веќе во следните денови бил тука кај нас во Прешево и во Бујановац, без легално да ја премине административната линија“, кажа Дачиќ.
Најави дека органите ќе ги истражат сите околности на овој случај, каде се движел Хајризи и како дошол до документи кои не се негови, како и тоа кој му помагал и додаде дека за истрагата ќе бидат значајни одговорите од Германија и Словенија.