„Офанзивата не може да се започне сега од сосема разбирливи причини, во услови на кашест снег и кал. Тука не можат слободно да се движат ниту камиони, а камоли тешки возила и тенкови. За да се исуши почвата ќе бидат потребни десет дена“, рече тој.
Пригожин додаде дека не знае кога Украина ќе започне со напад, но дека е факт дека тоа ќе се случи, пренесе ТАСС.
Украина, пак, тврди дека држат многу повеќе од 20 проценти од градот Бахмут. Борбите траат веќе со месеци без изгледи дека наскоро ќе завршат. Контраофанзива спречува калта на теренот, вели група снајперисти кои се наоѓаат на блиски позиции.
„Сега е многу тешко. На јутјуб можете да слушнете дека непријателот нема муниција и е заглавен, но тие всушност пукаат во нас. Употребуваат многу артилерија, хеликоптери, авиони, ракети. Се надевам дека еден ден сѐ ќе заврши и ќе тргнеме во контранапад, но во моментов е многу тешко“, признава еден од снајперистите на војската на Украина.