петок, 19 јули 2024
Шефот на Вагнер групата

Пригожин: Фракции во Кремљ ја уништуваат руската држава

Објавено на

часот

Сподели

Пригожин, 62-годишниот поранешен угостител кој ја формираше приватната паравојска Вагнер и член на поширокиот круг на луѓе на претседателот на Русија Владимир Путин, стекна широка слава за време на 15-месечната војна во Украина, пишува Ројтерс.

Неговите трупи ја предводеа битката во градот Бахмут и други градови, но водеше и спорови со руската војска околу тактиката, логистичката поддршка и други прашања.

Пригожин кажа дека е решен спорот меѓу него и чеченските сили кои исто така се борат со руската војска во Украина.

Но, тој за неслогата кривата ја префрли на неидентификувани фракции на Кремљ, кои тој ги нарекува „кулите на Кремљ“.

„Нивните сплетки толку избегаа од контрола што Путин беше приморан да ги кара на седница на Советот за безбедност“, кажа тој.

Пригожин истакна дека „Пандорината кутија е веќе отворена“.

„Не сме ние тие кои ја отворија“, кажа Пригожин во соопштението кое го објави неговата прес служба.

„Опасните игри станаа вообичаена појава во кулите на Кремљ… тие едноставно ја уништуваат руската држава“, наведе тој.

Шефот на Вагнер не ја идентификуваше фракцијата во Кремљ, но кажа дека таа ќе ги продолжи своите обиди да сее неслога и дека „ќе мора да плати“.

Кремљ не ги коментираше неговите тврдења.

Путин во петокот одржа состанок на Советот за безбедност за, како што кажа, „меѓуетничките односи во земјата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ