„Владимир, нашата задача е завршена, време е да се објави крајот. За властите на Руската Федерација и за целото општество потребно е да се стави некаков крај на специјалната воена операција. Идеалната опција е да се објави крај на специјалната воена операција и да се информираат сите дека Русија ги постигнала резултатите што ги планирала и во извесна смисла ние всушност ги постигнавме. Уништивме огромен број војници на вооружените сили на Украина и можеме да соопштиме дека нашата задача е завршена“, изјави лидерот на руската платеничка група Вагнер, а цитатот го преведе порталот Украинска правда.
Како што рече тој, теоретски, Русија веќе го постигна тоа со уништување на голем дел од активното машко население на Украина и со заплашување на друг дел од него што побегнал во Европа.
„Русија го отсече Азовското Море и голем дел од Црното Море, окупираше голем дел од територијата на Украина и создаде копнен коридор до Крим“, додаде тој.
Пригожин истакна дека е против какви било преговори со Украина.