понеделник, 21 октомври 2024
Истрагата е во тек

Причините за смртта на Вања се познати, Извештајот од обдукцијата стаса во рацете на обвинителот

Извештајот со резултатите од обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, која беше грабната, па потоа убиена, е во рацете на Основното јавно обвинителство Скопје. Сите добиени анализи за смртта на девојчето по направената обдукција пред околу половина час се испратени кај обвинителот што ја води истрагата за овој предмет, потврдуваат од ОЈО Скопје. Во овие документи, кои ги подготви Институтот за судска медицина во Скопје, се сите анализи што покажуваат кога била убиена и од што починала. 

Објавено на

часот

Сподели

Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан. МВР и ОЈО Скопје на прес-конференција по настанот соопштија дека е убиена со пиштол, околу два и пол часа откако била грабната, но засега ова се податоци од исказите на осомничените лица. Фактите ќе ги покажат анализите од обдукцијата. 

Четиринаесетгодишното девојче, кое исчезна на 27 ноември околу 7.30 часот, било најдено убиено неколку дена подоцна. 

Во околината на Велес беше најдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат. Официјалните информации се дека исти лица ги убиле и Вања и велешанецот. 

Осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски завчера завршија во притвор, а притвор доби и таткото на Вања. 

За двојното убиство осомничен е Љупчо Палевски Палчо, кој во моментов е во екстрадициски притвор во Турција. 

Откако девојчето било грабнато од пред своето живеалиште, му биле врзани рацете и нозете, било ставено во вреќа за спиење во багажниот простор на возило ситроен и потоа е однесено на локација каде што било убиено и закопано.

К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ