вторник, 22 октомври 2024
Заврши лидерската средба

Претседателските избори закажани за 24 април, на 8 мај ќе се спојат со парламентарните

Парламентарните политички партии постигнале договор изборите следната година да се одржат на 8 мај, односно првиот круг на претседателските избори да се одржи на 24 април, додека вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да бидат на 8 мај, соопшти премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски во изјавата за медиумите по лидерската средба во Собранието.

Објавено на

часот

Сподели

Според Ковачевски на лидерската средба се разговарало за уставние измени, а тој на претставниците на партиите им кажал дека Европската Унија (ЕУ) е единствената алтернатива за Македонија.

„Прифаќањето на уставните измени останува единствен услов да продолжиме напред и секое ставање на преговорите во неизвесност е исклучително неодговорна и опасна политичка одлука“, рече Ковачевски.

За Изборниот законик пак, Ковачевски кажа дека имало исклучително широк консензус за забелешките за изборното законодавство согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. 

„Не би ја коментирал постапката на лидерите на други политички партии. Сметам дека лидерската средба помина во конструктивна атмосфера со широк консензус за изборното законодавство и за датумот за избори“, рече Ковачевски. 

Прашан дали после изборите би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ, а согласно изјавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски дека таа идеја не им е туѓа, Ковачевски рече дека идната Влада ќе ја формира Европскиот фронт за промени. 

„Европскиот фронт за промени ќе го избере победничкиот кандидат и заедно со претседателот кој што ќе го предложи СДСМ и коалицијата и парламентарното мнозинство кое ќе победи на изборите, Северна Македонија ќе биде следната земја, членка на ЕУ“, рече Ковачевски

Ковачевски исто така информираше дека Извршниот комитет на СДСМ синоќа донел одлука за формирање Европски фронт и за избор на кандидат за претседателски избори. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ