вторник, 22 октомври 2024

Претседателот Пендаровски се потпиша во книгата на жалоста по смртта на Вања

Претседателот Стево Пендаровски, и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска денеска се потпишаа во книгата на жалост што по смртта на 14 годишната Вања Ѓорчевска беше отворена во основно училиште Ј.Х.Песталоци каде што учеше убиената Вања.

Објавено на

часот

Сподели

Пендаровски изрази сочувство до семејството, пријателите, соучениците, другарчињата.

„Почивај во мир Вања! Сочувство до семејството, пријателите, соучениците, другарчињата“, напиша Пендаровски на својот фејсбук профил.

По еднонеделна потрага Вања Ѓорчевска вчера беше пронајдена мртва во близина на Скопје. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција рече дека осомничениот што ја убил Вања, а кого го нарече монструм, ќе биде најстрого казнет. Тој посочи дека таткото на девојчето ги информирал оние што ја грабнале малолетничката кога таа сама ќе излезе од дома, а причината за тоа било да изнудат пари од мајката. 

Гаврил Бубевски, шефот на скопското Јавно обвинителство, на прес-конференцијата изјави дека се работи за грозоморни убиства, од кои едното е убиство на малолетник, и дека се предвидени максимални затворски казни.

Првоосоминчен за убиството  на Вања Ѓорчевска е скопскиот градежен бизнисмен, Љупчо Палевски-Палчо кој според информациите на МВР кои дополнително треба да бидат потврдени, по убиството избегал за Белград, а оттука за Бугарија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ