сабота, 19 октомври 2024

Претседателот на Палестина: Палестинскиот народ има право да се брани

Претседателот на Палестина Махмуд Абас во врска со денешниот напад изјави дека „палестинскиот народ има право да се брани“.

Објавено на

часот

Сподели

Тој зборуваше за „потребата да се обезбеди заштита за народот“, нагласувајќи го правото на палестинскиот народ да се брани од „тероризмот и окупаторските сили“.

Припадници на палестинската милитантна група Хамас денеска го нападнаа јужниот дел на Израел, по што следеше силен ракетен напад од Појасот Газа.

Израелската армија го возврати нападот, а како што рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во земјата има воена состојба.

Здравствените власти во Газа објавија дека 198 Палестинци загинале во израелски ракетен напад, додека „Н12 њуз“ тврди дека најмалку 100 Израелци биле убиени во нападот на Хамас, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ