сабота, 19 октомври 2024

Претседателот на Мексико ги обвини САД за шпионирање на неговата држава

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Мексико кажа дека САД го шпионираат Мексико. Лопез Обрадор сугерираше дека случајот против членовите на картелот е изграден на информации кои ги собрале американски агенти во Мексико. „Странски агенти не можат да бидат во Мексико“, кажа тој.

Истрагата за Синалоа картелот мексиканскиот претседател ја нарече арогантно мешање на САД во прашањата на Мексико. „Тоа не смее да се прифати под ниедни околности“, кажа Лопез Обрадор.

Поранешниот американски агент за борба против дрогата Мајк Виџил ги нарече коментарите на претседателот неоправдани. Виџил, поранешен шеф на меѓународните операции на американската Управа за сузбивање дроги, кажа дека Лопез Обрадор погрешно претпоставил дека мора да има американски агенти во Мексико за да ги соберат разузнавачките податоци за случајот.

Тврди дека всушност поголемиот дел од случајот потекнува од осомничени за трговија со луѓе фатени во САД. Виџил смета дека мексиканскиот претседател целосно сака да ја уништи работата на системот за сузбивање дроги граден со децении.

„Тоа ќе доведе до тоа повеќе дрога да стигнува во САД и повеќе насилство и корупција во Мексико“, тврди Виџил.

Синовите на Ел Чапо се обвинети за трговија со дрога и дека се дел од сложената производна и мрежа за снабдување, која вклучува кинески и гватемалски државјани. Тие пак се обвинети за производство на фентанил и за водење на лаборатории за дрога во Мексико. Обвинети се и лица кои се дел од обезбедувањето на картелот и финансиери на операциите на картелот.

Обвинението е поднесено во момент кога САД се борат со криза на предозирања, главно поради труење со фентанил. Речиси 107.000 луѓе умреле од предозирање со дрога во САД во текот на 2021, што е рекордна бројка.

Заплените на фентанил од 2019, кои ги направиле американските царински и гранични служби, пораснале за повеќе од 400 отсто. Заплените во оваа година веќе ги надминале вкупните заплени на фентанил за цела 2022. ДЕА тврди дека поголемиот дел од фентанилот со кој се тргува во САД доаѓа од картелот Синалоа.

Лопез Обрадор зборуваше и за фентанилот како проблем на САД, тврдејќи дека синтетичката дрога не се произведува во Мексико. Тој јасно даде до знаење дека борбата против трговијата со фентанил е во втор план во однос на борбата против внатрешните безбедносни проблеми на Мексико и дека неговата држава помага само од добра волја.

„Она што прво мораме да го гарантираме е јавната безбедност во нашата земја. Тоа е првото нешто. На второ место е да ѝ помогнеме и да соработуваме со владата на САД“, кажа Лопез Обрадор.

Виџил истакна дека истите картели кои шверцуваат фентанил и метамфетамини се главната причина за насилството во Мексико. „Избегнувањето судир со картелите веројатно нема да донесе мир. Ќе има сосема спротивен ефект“, кажа Виџил.

Обвиненијата објавени во петокот во САД открија брутални и шокантни методи кои картелот, со седиште во северната мексиканска држава Синалоа, ги користел за префрлање огромни количества на евтиниот фентанил во САД, На чело с синови на Ел Чапо картелот станал поагресивен и понасилен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ