среда, 25 септември 2024

Претседателот на Иран: Никогаш не сме ја одобрувале руската агресија

Иранскиот претседател Масуд Пазешкиан кажа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк дека неговата земја никогаш не ја поддржала руската инвазија на Украина. Исто така ги негираше тврдењата дека Иран ѝ испорачал балистички проектили на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пред две недели изјави дека медиумските извештаи дека Русија добила пратки балистички проектили „фат-360“ се точни. Ден претходно Иран демантираше дека ѝ испорачал балистички проектили на Русија тврдејќи дека написите во медиумите се дел од психолошка војна.

„Спремни сме да седнеме со Европејците и Американците за дијалог и преговори. Никогаш не сме ја одобрувале руската агресија на украинската територија“, порача Пезешкиан во Њујорк, Пезешкиан ја презема должноста претседател пред помалку од еден месец.

Веднаш за време на својата прва конференција за медиуми по преземањето на функцијата негираше испорака на проектили на Русија. „Можеби имало вакви испораки во минатото. Но можам да ве уверам дека такви испораки на Русија нема откако ја преземав функцијата“, истакна тој.

Европската Унија и Соединетите Американски Држави воведоа дополнителни санкции против Иран поради наводна испорака на проектили на Русија. Москва и Техеран ја продлабочија воената и политичката соработка од почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ