Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица да оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.
Утре во Подгорица Сиљановска ќе оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Во рамки на официјалната посета претседателката на Македонија ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“.