Началникот на армијата, генерал Вакер-Ус-Заман, во телевизиско обраќање изјави дека Хасина (76) ја напуштила земјата и дека ќе се формира привремена влада.
Медиумите објавија дека таа ја напуштила земјата со воен хеликоптер со нејзината сестра, упатувајќи се кон источната индиска држава Западен Бенгал веднаш преку границата. Во друг извештај се вели дека таа се упатила кон североисточната индиска држава Трипура.
Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди информациите.
#BREAKING: Dictator of #Bangladesh resigned and fled to #India before protesters taking over her palace! This video shows former Bangladesh Prime Minister #SheikhHasina running away from her country using this Mi-17 helicopter of the Bangladeshi Air Force today. pic.twitter.com/psemmRjzRR
— Babak Taghvaee – The Crisis Watch (@BabakTaghvaee1) August 5, 2024
Во меѓувреме, Си-ен-ен пренесе дека Хасина пристигнала во североисточниот индиски град Агартала.
На телевизиските снимки се гледа како илјадници луѓе се слеваат на улиците на главниот град Дака, славејќи и извикувајќи слогани. Илјадници луѓе упаднаа и во официјалната резиденција на Хасина Ганабабан, извикувајќи слогани, удирајќи со тупаници и покажувајќи знаци на победа.
Снимките покажуваат толпи луѓе во резиденцијата, некои носат телевизори, столици и маси од една од најзаштитените згради во земјата. „Таа побегна од земјата, побегна од државата“, извикуваа некои од нив.
Демонстрантите во Дака се качија и на големата статуа на лидерот на независноста, шеикот Муџибур Рахман, таткото на Хасина, и почнаа да ја сечат главата на статуата со секира.
Студентски активисти повикаа на марш до главниот град Дака, пркосејќи на националниот полициски час за да ја притиснат Хасина да поднесе оставка, еден ден по смртоносните судири низ земјата во кои загинаа речиси 100 лица. Во протестите минатиот месец беа убиени околу 150 лица.
Бангладеш е зафатен од протести и насилство што започнаа минатиот месец откако студентските групи побараа да се стави крај на контроверзниот систем на квоти за владините работни места.
Тоа прерасна во кампања за притисок врз Хасина, која го освои четвртиот последователен мандат во јануари на изборите бојкотирани од опозицијата, да се повлече од функцијата.