петок, 18 октомври 2024

Премиера на филмот „М“ на 22-то издание на Синедејс

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме совршено отворање на фестивалот, повеќе од илјада гледачи го следеа филмот „М“ на Вардан Тозија без здив, и во паркот зад МКЦ, и во киното Фросина. Благодарност до режисерот Тозија и продуцентот Дарко Попов кои ни овозможија Скопје вечерва да ја добие посакуваната фестивалска атмосфера и заедно со комплетната авторска и актерска екипа да го имаме ова задоволство“, истакна програмскиот координатор на CINEDAYS, Маргарита Арсова.

„Ние како тим се трудиме вечерашниот фестивалски филмски шарм и содржина да ги одржиме низ целото издание на CINEDAYS затоа што имаме одлична програма која витешки ја сработивме со драстично намален буџет. Се надевам дека годинешниов исклучок нема да биде практика“, рече Арсова.

Билетите за CINEDAYS се по цена од 200 денари, за сите филмови. Фестивалот е поддржан од Кинотека на Македонија, Публицис, Скопска пивара, ЕУ за ТЕБЕ, Неотел, Гете институт, Агенцијата за филм и Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ