понеделник, 28 октомври 2024

Прегазени две девојчиња во Штип

Две девојчиња на возраст од 15 и 16 години, ученички во прва и втора година средно училиште се прегазени рано утрово во Штип. Едното девојче се здобило со тешки повреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Утрово околу 7.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.Гоце Делчев во Штип, патничко моторно возило марка цитроен ц1 со германски национални ознаки, управувано од Н.Б.(28) од Штип, удрило во две малолетнички на возраст од 16 и 15 години. Во несреќата, 16 – годишната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип.  Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Штип“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ