недела, 20 октомври 2024

Предупредување на геолозите: Њујорк тоне 2 мм годишно поради тежината на облакодерите

Објавено на

часот

Сподели

Еден од нив е водачот на истражувањето и геолог Том Парсонс од Геолошкиот институт на САД, кој вели дека студијата покажала дека особено загрозена е областа на Долниот Менхетен, како и Бруклин и Квинс. Тој и неговите колеги ја пресметале кумулативната маса на повеќе од милион згради и процениле дека е околу 764.000.000 тони, а потоа целата област ја поделиле на површини од 100 квадрати и на тој начин го пресметале колкав е притисокот врз камената основа на секоја зона.

Тие потоа ги споредиле своите пресметки со сателитските снимки кои можат да ги измерат промените во висината на копнената површина и ги мапирале отчитувањата преку своите проценки за целиот град за да го споредат својот модел со податоците од реалниот свет.

Градот, кој има околу 8,4 милиони жители, се соочува со опасност од поплави бидејќи токму во таа област опасноста од покачувањето на нивото на морето е три до четири пати поголема од глобалниот просек долж атлантскиот брег на Северна Америка, се вели во извештајот на експертите.

Ситуацијата може да се влоши со урагани и бури кои стануваат се почести и пожестоки, посочи Парсонс, потсетувајќи на жртвите и големите штети предизвикани од двата неодамнешни урагани, Сенди (2012) и Ајда (2021). Емисиите на стакленички гасови влијаат така што ја „намалуваат природната бариера редуцирајќи го ветерот долж источниот брег на САД, што значи почести урагани со висок интензитет во наредните децении“.

„Комбинацијата на тектонско и антропогено слегнување, покачувањето на нивото на морето и зголемениот интензитет на ураганите укажуваат на растечки проблем долж крајбрежните и речните области“, вели Парсонс, посочувајќи на „повторената изложеност на темелите на зградите на солена вода која може да го кородира арматурниот челик и хемиски да го ослаби бетонот предизвикување и структурно слабеење“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ