недела, 20 октомври 2024

Пред домот на Шешељ поставен знак: „Опасност! Куќа на воен злосторник!“ (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Повод е новото обвинение за непочитување на Хашкиот суд против Шешељ и уште четири члена на СРС. Младите активисти со таа акција, како што соопштија, сакаат да предупредат дека тој кандидат за пратеник во српското собрание на претстојните декемвриски избори е осуден воен злосторник.

Неговата партија на вонредните општи избори на 17 декември ќе настапи самостојно, но на локално ниво ќе коалицира со владејачката Српска напредна партија (СНС) на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Последниот годишен извештај на Европската комисија за напредокот на Србија кон ЕУ „истакнува дека голем број медиуми и политички партии продолжуваат во Србија да им даваат поддршка на воените злосторници“ и се предупредува на „нивниот присуство во јавниот просто во кој непречено шират говор на омраза“.

Шешељ пред Хашкиот трибунал во 2018 беше осуден на десет години затвор поради поттикнување прогон, депортации и присилно преселување и преместување на Хрватите во селото Хртковци во 1992 година. Во притвор во Шевенинген беше од 2003, а беше пуштен во 2014 поради влошена здравствена состојба.

И покрај пресудата Шешељ беше пратеник во српскиот парламент од 2016 до 2020 година, а сега е повторно носител на изборната листа на СРС на претстојните избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ