сабота, 19 октомври 2024

Правда до Мицкоски: Колку и да сака ВМРО-ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема да има

Министерството за правда ги нарече неосновани тврдењата на претстедалот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Законот за амнестија ќе се носи во скратена процедура со европско знаменце.  

Објавено на

часот

Сподели

„Министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден, а исто така и на брифингот со медиуми кој се одржа минатата недела јасно кажа дека овој закон нема да се носи со европско знаменце и дека лично тој е против можноста од злоупотреба на европското знаме за носење на закони. ВМРО-ДПМНЕ да не зазема став на празно, кога се информирани уште од првиот ден за сите детали. Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон беше потпишан и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да сака ВМРО-ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема да има“, се наведува во соопштението од Министерството за правда. 

Во однос на најавите за напуштање на Парламентот од страна на пратениците на ВМРО- ДПМНЕ, како што се посочува во соопштението, тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата држава. 

„Немањето став за битни прашања и политиките на блокада подобро се изразуваат со напуштање на Собранието и тоа е гест за поздравување од наша страна. Можеби, господинот Христијан Мицкоски вака сака да и помогне на татковината со отворање простор за изгласување на уставните измени и отворање на патот кон ЕУ“, се посочува во соопштението од Министерството за правда. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ