недела, 20 октомври 2024

Прав и пепел, цели населби уништени во нападот на израелската авијација (ВИДЕО)

Во текот на ноќта борбени авиони извршија повеќе од 200 воздушни напади врз Римал и Кан Јунис.

Објавено на

часот

Сподели

Израелската армија смета дека парламентот на енклавата и цивилните министерства се „легитимни цели“, пренесуваат медиумите.

Израелските одбранбени сили соопштија дека во текот на ноќта погодиле повеќе од 200 цели во Појасот Газа.

ИДФ вели дека локациите вклучуваат складиште за оружје во џамија, станови што ги користат противтенковските ракетни сили на Хамас и висока кула што ја користи терористичката група, меѓу другите воени објекти.

Се подготвува и копнена офанзива

 Израелците се подготвуваат за голема копнена офанзива во Газа, што не го сториле барем 10 години, објави АП.

Израелската војска денеска соопшти дека во Израел и во Појасот Газа се пронајдени тела на 1.500 милитанти на Хамас, јавува Би-би-си.

Портпаролот на армијата Ричард Хехт изјави дека евакуацијата на сите израелски заедници во близина на Појасот Газа е речиси завршена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ