Пратениците на конзервативните демократи кои повикаа на бојкот на денешната седница се обидоа да им го блокираат влезот во салата на своите колеги од владејачката Социјалистичка партија, пренесува Асошиејтед прес.
Салијањи во 2018 година побара оставка од тогашниот министер за внатрешни работи поради обвинувања дека братот на министерот извршил незаконски активности, кои подоцна се покажаа како лажни.
Albanian opposition lawmakers protest in Parliament, burning effigies and clashing with bodyguards, sparking small fire after colleague’s slander conviction and imprisonment pic.twitter.com/21EoqHOWcU
— Türkiye Today (@turkiyetodaycom) October 3, 2024
Демократите во понеделникот ја прекинаа седницата на парламентот, велејќи дека пресудата на Салијањи е политички мотивирана и повикаа на протести во Тирана.
Пратениците денеска се скараа со обезбедувањето и запалија фигури на премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај.
Откако не влегоа во салата, пратениците од опозицијата го прекинаа протестот, а социјалистите ја затворија седницата и си заминаа.
Демократите одамна го обвинуваат Рама за злоупотреба на власта.
Рама е на чело на социјалистите од 2005 година и моментално е во третиот премиерски мандат.
Парламентарни избори во Албанија треба да се одржат следната година.