петок, 18 октомври 2024

Пожарот во прилепска Тила уништи сè, велат сопственичките

Објавено на

часот

Сподели

Во фејсбук објавата сопственичките велат:

„За оние кои не знаат брендот Тила е дело и креација на две сестри кои со помош на нивната семејна компанија конфекција Хатра во Прилеп започнуваат со креирање и менаџирање на компанијата уште во своите рани дваесетти години!

Брендот Тила го градиме веќе 15 години и со години беше и е единствен македонски бренд на детска облека кој функционира професионално од типот на дизајнерските брендови. Создаден е со премногу љубов, преголем труд и чесна и макотрпна работа. Тоа што ни се случи е премногу болно и тешко за нас бидејќи е вложен многудишен труд и средства за да изградиме современа фабрика и висок стандард на квалитет на нашиот бренд со кој ќе се гордеат сите Македонци.

тила штета

Сакаме да информираме дека нашите продажни места и понатаму ќе продолжат со работа, а благодарение на нашите пријатели и нивната подршка производниот процес ќе го продолжиме во најбрз можен рок.

Воедно ви се заблагодаруваме за вашата безрезервна поддршка која ни ја дававте и во изминатите години, а која сега ќе ни значи најмногу од се. Тила живее преку вашите најмили и се надеваме така и ќе продолжи и во иднина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ