среда, 30 октомври 2024
Градоначалникот тврди дека на запалената депонија имало чувар

Пожарот во Дојран е изгаснат, на местото на запалената депонија се најдени туби

Големиот пожар кој избувна вчера над Стар Дојран кај депонијата, во месноста Карач и зафати три куќи од синоќа од 19 часот е изгаснат, а во текот на ноќта дежурни екипи внимаваа да на дојде до повторно активирање. Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов тврди дека во запалената депонија имало чувар, а Кире Михаилов, заменик директор на „Национални шуми“ пак вели дека кога пожарникарите стигнале на местото каде имало пожар, депонијата била заклучена и немало никој.

 

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Според градоначалникот на Дојран Анго Ангов, на неколку места сè уште тлеат остатоци од пожарот, а со механизација во текот на денот ќе почне да се затрупуваат делови од депонијата од каде избувна големиот пожар.

Во гаснењето на пожарот учествуваа месното население, пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица, како и еден хеликоптер.

Градоначалникот Ангов, вчера посочи дека пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи на местото каде што избувнал пожарот пронашле канти од моторно масло.

Фотографија од најдените канти на социјалните мрежи објави Кире Михаилов, заменик директор на „Национални шуми“ кој упати прашање до градоначалникот Ангов како е можно ако имало чувар на депонијата, да не види што се случува.

„Ова е материјалот денеска што беше пронајден на депонијата во Дојран откаде што почна пожарот. Од причина што градоначалникот Ангов тврди дека го владее теренот и не е како мене да седи само во канцеларија, дали знае каде се најдени тубите и зошто таму каде што се најдени неговите вработени ги немаат видено“, прашува Михаилов.

Градоначалникот Ангов, пак го обвини дека ако сака да помогне треба да излезе од канцеларија и да оди на терен, иако Михаилов е во екот на пожарите низ најопасните терени и постојано со екипите на терен и додава дека иако било заклучено, внатре имало чувар.

„Градоначалникот на Дојран Анго Ангов ме обвинил дека сум бил избран да седам во канцеларија и не сум знаел ништо од тоа што се случува на терен. Да му одговорам дека обвинувањето му е пратено на погрешна адреса и еве да му разјаснам дека откако сум поставен за заменик генерален директор на ЈП „Македонски Шуми” во овие десетина дена, Македонија ја свртев неколку пати и бев секаде каде што можев да стигнам, а најмналку сум седел како што обвинува тој во канцеларија. Покрај ова, сакам да го прашам градоначалникот три работи дали е вистина дека се појавил само неколку минути на лице место каде екипите го гаселе пожарот, а потоа се повлекол, дали навистина не му текнало како човек, не како градоначалник да донесе барем по едно шише вода на луѓето кои на овие ненормални горештини давале натчовечки напори во справувавњети со пожарот“, напиша Михаилов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ