понеделник, 25 ноември 2024

Пожарот на Беласица е локализиран, но сѐ уште не е изгаснат

Пожарот што избувна пред три дена во подножјето на планината Беласица помеѓу селата Смолари и Мокрино е локализиран, но сѐ уште има внатрешно горење на одредени места, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира ЦУК, вчера, во локализирање на пожарот на Беласица интервенирале 25 луѓе од Национални шуми, подружница Беласица од Струмица, со четири теренски возила. Екипите се повлекле од терен во текот на вечерните часови, а останале четворица заради контрола.

„Наспроти заладувањето на времето имаше шест пожари на отворен простор во последното деноноќие, од коишто шумскиот пожар на Беласица, сѐ уште се води како активен. Врз пожарот сѐ уште се дејствува, согласно можностите за превенција против негово ширење до негово целосно гаснење“, информираа од ЦУК.

Во последното деноноќие изгаснати се пет пожари на отворен простор.

„Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, во текот на изминатото деноноќие, покрај гаснењето пожари во урбана средина, имала три интервенции за гаснење пожари на отворен простор во Визбегово и Смиљковско Езеро. Крушевските пожарникари го изгаснале пожарот кај местото Белушки ледини, над село Белушино, а ТППЕ Битола, имала две интервенции поради запалено ѓубре кај ресторан Император и на улица Партизанска“, информираа од ЦУК.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ