Избувнувањето на пожарот го потврди командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, според кого пожарот засега е ставен под контрола.
„На терен заедно со припадници на Национални шуми се две противпожарни возила и шест пожарникари, кои го држат под контрола пожарот. На одредени места има горење. Утре на терен ќе излезат вработени од Национални шуми и доколку има потреба на местото на пожарот ќе оди и наша екипа“, изјави Гудев за МИА.
Според информации од жители на селото Смоларе, пожарот избувнал на три места и бргу се проширил.