понеделник, 25 ноември 2024

Пожарникари од хрватско Врпоље разменија искуства со колегите од Берово

Делегација пожарникари од Врпоље, Република Хрватска, се во возвратна посета во Берово. Во рамки на посетата, имаа работна средба во просториите на Општина Берово по што беа пречекани и примени од беровските пожарникари. Работата на беровските пожарникари особено дојде до израз во пожарите во 2021 година кога изгоре 490.000 метри кубни дрвна маса вредна 40 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

„За време на средбата разменија искуство, разговараа за можна соработка и споделија фотографии од почетокот на соработката на Врпоље и Берово, во далечната 1978 година“, информираа од Општина Берово.

Претходно претставници на Општина Берово учествуваа на прославата на нивниот 100-годишен јубилеј.

„На таа прослава на Општина Берово и беше доделено признание, за посебен придонес во унапредувањето на работата на доброволното противпожарно друштво“, додадоа од Општината.

Соработка во двете општини,  во делот на противпожарна заштита, како што најави градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски ќе продолжи и во иднина, кој изрази надеж дека двете противпожарни единици, ќе имаат можност и за реализација на заеднички проект.

Работата на беровските пожарникари особено дојде до израз во пожарите во 2021 година кога изгоре 490.000 метри кубни дрвна маса вредна 40 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ