„Нашата главна грижа е да ги заштитиме животите“, кажа портпаролот на пожарникарската служба Јанис Артопиос.
Најголемиот пожар од утринава е во шума 50 километри северно од Атина, каде се ангажирани 140 пожарникари, со поддршка на шест водени бомбардери и хеликоптери, кажа портпаролот.
ATENCIÓN ?
Fuerte #incendioforestal avivado por ráfagas de viento cerca de #Atenas #Grecia ??
Reportan se han emitido ordenes de evacuación en varias zonas costeras.#Athènes #Grèce #Greece #wildfire #Athens
Vía @FranceNews24 pic.twitter.com/TC0zPzQVhp— Geól. Sergio Almazán (@chematierra) July 18, 2023
Властите вчера издадоа налог од претпазливост да се евакуираат неколку приморски населби кај Атина, меѓу кои популарните летувалишта Лагониси, Саронида и Анависос.
Во тоа подрачје изгореле повеќе куќи, а еден коњички клуб и манастир се евакуирани, јави ЕРТ.
Денес на овој дел од грчкото приморје во гасењето на пожарот учествуваат 230 пожарникари, со поддршка од пет хеликоптери. Сообраќајот е во прекин на патиштата околу погодените локалитети.
Трет пожар и понатаму гори во летувалиштето Лутраки, околу 80 километри западно од Атина, од каде вчера биле евакуирани 1.200 деца од детско летувалиште.
Како и дел од Европа, Грција викендов ја погоди првиот топлотен бран во годината со највисока температура од 44,2 Целзиусови степени во регионот Теба, централна Грција, според Националната опсерваторија на Атина.
Во Атина живата во саботата се качила на 39 степени, додека Акропол неколку дена е затворен во најтоплиот дел од денот.
Додека се очекува температурите да паднат за два до четири степени до среда, нов топлотен бран се очекува од четврток со очекувани највисоки температури од 43 степени локално, според националната метеоролошка служба ЕМИ.