недела, 20 октомври 2024

Повторно горело кај салата Борис Трајковски во Скопје, се гаснеле уште девет пожари низ Македонија

Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на 10 пожари на отворен простор и сите се изгаснати, соопшти ЦУК.  Гореле сува трева, ниска вегетација, деградирана, мешана и борова шума, лозја, овоштарници, капини, депонии, отпадоци.

Објавено на

часот

Сподели

Регионалниот ЦУК – Скопје, информира дека пожарникарите од од скопската бригада гаснеле запалено ѓубриште кај спортската сала Борис Трајковски.  Зафатена била површина од 1.500 м2. Сува трева се гаснела крај ул. Бел Камен, каде била зафатена површина од 4.000 м2. Вечерта на ул. Иван Манолев се интервенриало за гаснење на пожар во двор, каде биле запаленибарака и шупа.

Регионалниот ЦУК Битола, информира дека, пожарникарите интервенирале на запалена ниска вегетација кај селото Долно Српци.  Во атарот на демрихисарското село се гаснела ниска вегетација, Прилепските пожарникари гаснеле ниска вегетација кај депонијата меѓу касарните и Дата центар.

Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Берово, во која се наведува дека интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на викенд населбата Суви лаки.

Регионалниот ЦУК Куманово, ја пренесува информацијата дека  интервенирале на запалена ниска вегетација и појаси од багреми во населбата Долно Којнари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ