недела, 27 октомври 2024

Повеќето Европејци веруваат дека корупцијата е насекаде

Повеќе од две третини од граѓаните на Европската Унија сметаат дека корупцијата е широко распространета во нивната земја, покажаа резултатите од истражувањето објавено вчера.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според истражувањето на Евробарометар, 68 отсто од Европејците веруваат дека корупцијата е присутна, а највисоки проценти се забележани кај жителите на Грција (98 отсто), Португалија (96 отсто), Малта (95 отсто) и Словенија (95 отсто).

Најмали проценти се забележани во Финска (18 проценти), Данска (26 проценти) и Луксембург (43 проценти), објави порталот Политико. Околу четвртина од Европејците (27 проценти) изјавиле дека лично ја искусиле корупцијата во секојдневниот живот, а 75 проценти рекле дека бизнисот и политиката се премногу испреплетени, што создава поволни услови за ширење на корупцијата.

Според истражувањето, Европејците се скептични за напорите на националните влади за борба против корупцијата: 65 отсто од граѓаните веруваат дека случаите на корупција на високо ниво не се соодветно обработени, а само 30 отсто веруваат дека напорите на владите во борбата против корупцијата се ефективни.

Истражувањето е објавено заедно со годишниот Извештај за владеење на правото на Европската комисија, кој, меѓу другото, ги анализира антикорупциските мерки во земјите-членки на ЕУ. Извештајот за 2024 година предупредува на „одредени реформи во кривичното право“ во блокот што „може да ја загрозат борбата против корупцијата“.

Посебно беа издвоени Словачка, каде што пратениците во февруари го одобрија планот за намалување на казните за корупција и измами, и Италија, која неодамна го укина кривичното дело злоупотреба на службената положба. Унгарија, исто така, се најде под критики за континуираниот пад на демократските стандарди, што ја загрозува ефективната борба против корупцијата.

„Заштитата на владеењето на правото е континуирана работа“, рече потпретседателката на Комисијата Вера Јурова за време на презентацијата на главните наоди од извештајот. „Гледаме дека се потребни дополнителни мерки. Целта на извештајот ‘не е некој да се покажува со прст, да се посрамува или да се пофалува’“, додаде таа, нарекувајќи го „превентивна алатка“ за поттикнување дијалог и подигање на свеста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ