среда, 23 октомври 2024

Повеќе од половина метар снег падна во југоисточниот дел на Австралија (ВИДЕО)

Повеќе од 50 сантиметри снег паднаа во популарните скијачки центри во југоисточниот дел на Австралија.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во Фолс Крик, североисточна Викторија, во изминатите 24 часа паднале 45 сантиметри снег, а во последните седум дена повеќе од 70 сантиметри. Менаџерот на скијачкиот центар Булер и Стирлинг, Дејвид Кларк, изјави дека снегот постојано паѓа од петокот вечерта, пишува Гардијан.

На планината Хотам до утрово паднал 31 сантиметар снег, а на север во ски-центарот Тредбо во текот на ноќта паднале 27 сантиметри снег. Метеоролозите предвидуваат дека во следните десет дена би можеле да наврнат уште 50 сантиметри снег.

Студениот бран што се движи низ Јужна Австралија кон Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд донесе снег, снежни виулици и рекордно ниски температури

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ