вторник, 26 ноември 2024

Повеќе од 100 руски беспилотни летала и ракети забележани во близина на украински нуклеарни централи

Во последните недели повеќе од 100 руски беспилотни летала и ракети се забележани во близина на украинските нуклеарни централи, соопшти денеска украинскиот оператор Енергоатом.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на изминатите недели се забележани движења на повеќе од 70 беспилотни летала на таа терористичка земја и повеќе од 30 непријателски крстосувачки ракети кои летаат во близина на украинските нуклеарни централи“, се наведува во извештајот на компанијата.

Енергоатом нагласува дека ваквите акции претставуваат закана не само за Украина, туку и за целиот континент, како и дека информациите за наводните летови на руски беспилотни летала се доставени до надлежните институции, пренесува Укринформ.

Како што е соопштено, за време на нападот врз Украина во средата, руските беспилотни летала за напад биле забележани на само неколку километри од нуклеарната централа Хмељнички.

Енергоатом повика на силна реакција на меѓународната заедница на постапките на Русија, наведува украинската агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ