четврток, 24 октомври 2024

Потврдено: руските напредни ловци од петтата генерација Су-57 дејствуваат во Украина

Рускиот воздухопловен конгломерат, Јунајтед еркрафт корпорејшн (УАК), неформално го потврди дејствувањето на сухој Су-57, „стелт ловецот од петтата генерација“ во конфликтот во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава за државната новинска агенција ТАСС, УАК истакна дека ловецот Су-57 е вешт во извршувањето на мисиите дури и во услови на густа непријателска противвоздушна одбрана, поради својата напредна прикриеност и карактеристиките на преживување.

Конструкторското биро Сухој продолжува да работи на унапредување и проширување на борбените капацитети на Северниот воен округ.

Иако не се откриени детали за подобрувањата на ловците Су-57 распоредени во Украина не се откриени, изјавите на рускиот произведувач оваа година сугерираат дека фокусот во оваа фаза е на подобрување на производството.

На пример, УАК објави дека од 2024 година Су-57 ќе го придвижуваат мотори со ознаката „Изделие 30“. Оваа надградба ветува подобар потисок и подобрена ефикасност на горивото во споредба со постарите мотори АЛ-41Ф1.

Во друго значајно унапредување за 2024, УАК го истакна напредокот во авиониката на Су-57. Авионот сега го има најсовремениот радарски систем со проширен дострел на детекција и супериорни можности за следење на целите. Покрај тоа, УАК тврди дека во оваа година ќе биде унапредена стелт технологијата.

Во фокусот било и надградувањето на вооружувањето на Су-57. Борбениот авион сега носи поширок спектар на најсовремени ракети воздух-воздух и воздух-земја, вклучувајќи ги најновите верзии на ракетите Р-77 и Р-37М, според руски извори.

Надграден е и кокпитот на авионот за да се подобри свеста на пилотот за ситуацијата и да се намали оптеретувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ