петок, 18 октомври 2024

Потврдено обвинението против родителите на убиецот од белградското училиште

Апелацискиот суд во Белград ја отфрли жалбата на обвинението во кое е побарана затворска казна за таткото и мајката на момчето убиец од основното училиште Владислав Рибникар, чии жртви се девет ученици и училишниот чувар, потврди денес Вишиот суд во Белград.

Објавено на

часот

Сподели

На првиот час на 3 мај 13-годишното момче со истрели од пиштолот на неговиот татко го уби училишниот чувар и осум ученици и рани наставничка и уште шест деца. Подоцна почина уште едно девојче, десеттата жртва. Вишиот суд го потврди обвинението против таткото и мајката и на уште две лица од стрелачкиот клуб во која таткото го водел малолетниот син.

Со обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград е предложено судот таткото Владимир К. да го осуди на казна затвор од 12 години, а мајката Милјана К. на две и пол години. За сопственикот и инструкторот во стрелачкиот клуб се предложени по три години затвор. Следи закажување на рочиштето.

Трагедијата во училиштето Владислав Рибникар, незапаметена во поновата историја на Србија, поттикна бран граѓански протести, а десетици илјади луѓе неколку месеци на улиците на Белград и други градови низ Србија бараа да се заузда насилството во јавниот простор, политиката и медиумите.

Родителите на децата од училиштето Рибникар повторно денес со сива боја и симболично со црвена боја го обоија натписот „школо“ на улицата пред зградата, по повеќето залудни барања од државните институции тоа училиште да стане меморијален центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ