среда, 27 ноември 2024
Изјава на министерот за култура, Зоран Љутков

Потребни се законски измени за Министерството за култура и туризам да ја преземе изградбата на Универзалната сала

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска кажа дека неколку работни групи работат на случајот со Универзалната сала, како и дека ој лично се заложил и најголем дел од времето минува за откочување на тој процес.

Објавено на

часот

Сподели

„ Во собраниска процедура се измени и дополнувања на постојниот Закон за култура и се надевам дека до крајот на месецот ќе се донесе“, изјави денеска Љутков.

Тој денеска за време на посетата на Македонскиот народен театар (МНТ), одговорајќи на новинарско прашање до каде е состојбата со Универзална сала, посочи дека се чека да поминат измените на законот, кој предвидува Министерството за култура и туризам освен национални установи, да може да гради и локални установи, или градски установи и со тоа да се олесни постапката понатаму.

„ Верувајте дека работиме. Неколку работни групи работат на случајот. Јас лично се заложив, најголем дел од моето време го поминувам за откочување на тој процес. Во собраниска процедура е, и помина измена на законот на претходната седница на Владата. Се надевам дека на крајот на месецот ќе помине и тој закон во Собранието“, рече Љутков.

Тој додаде дека имаат три до четири клучни точки кои го стопираат процесот, но се надева дека за брзо време тие ќе бидат одглавени.

„ Имаме уште три до четири клучни точки на коишто се сопнуваме, но со тимот којшто го имаме и со којшто работиме се надевам дека за многу брзо време ќе ги откочиме. Верувајте, работиме многу експедитивно и многу брзо, но сепак тоа се некои административни процедури и задачи коишто ги даваме, а за кои треба да помине малку време додека да се пристапи до нив“, рече министерот.

На прашање дали ќе се заврши постапката до локалните избори, тој одговори дека се надева, бидејќи веќе се распишани тендерите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ