Со протоколот се предвидува електронска размена на податоци меѓу двете земји пред пристигнување на стоката на граница, со цел подобрување на ефикасноста на царинските контроли и спречување на царински измами, како и забрзување на легалната трговија помеѓу двете држави. Податоците ќе се разменуваат во рамки на SEED + системот.
Протоколот се потпиша на маргините на дводневниот состанок „Унапредување на регионалната соработка“ во Будимпешта на кој присуствуваа генералните директори и високи претставници на царинските управи од Западен Балкан и од земјите членки на Европската унија. Настанот беше организиран под покровителство на унгарската даночна и царинска агенција во рамки на унгарското претседателство со Советот на ЕУ.