понеделник, 28 октомври 2024

Потера во Велес, комбе со 20 мигранти падна во ископан канал

Комбе полно со мигранти синоќа околу 20 часот пропадна во ископаниот канал на главната велешка улица, помеѓу судот и Интернационал. Комбето бегало од полиција и тргнало во спротивен правец на улицата 8 Септември, од кружниот тек кон С`рмаале, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во каналот, јави Батали.нет.

Објавено на

часот

Сподели

Од велешката полиција за Батали.нет велат дека возачот и совозачот се фатени и приведени.
Според наши информации, македонската полиција заедно со припадници на ЕУЛЕКС, го следеле комбето уште од македонско-грчката граница.

Во сообраќајната несреќа повредени се 11-годишно дете и неговиот татко, кои биле во комбето.

м

„Детето нема видлива повреда, но се жалеше на болка во главата, а неговиот татко има расекотина на прст на раката. Тоа се единствените пренесени во велешката болница“, изјави за Батали.нет д-р Васе Пановска Поп-Стефанова“, началничка на Итната медицинска помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ