петок, 18 октомври 2024

Постапка против разбојник кој наговорил три деца да украдат пари од жена со хендикеп

Објавено на

часот

Сподели

„Сите заедно, со употреба на сила врз една оштетена одзеле од неа парични средства во износ од 30.000 денари. Откако осомничениот добил сознанија дека жртвата – лице со хендикеп и ограничено движење добила парични средства од нејзината ќерка за да купи лекови, тој ги договорил трите деца и со автомобилот ги донел во близина на нејзината куќа на ул. Патрис Лумуба во Скопје.

На едно од децата му дал чекан во раката, им дал усни насоки како да го извршат делото и им го кажал местото каде жртвата ги чува парите. Трите деца влегле во домот преку вратата која возрасниот осомничен претходно ја оставил отклучена, употребувајќи го клучот што оштетената му го доверила. Кога ја пресретнале жртвата, едно од децата ѝ ја затворило устата, а другите две ѝ ги држеле рацете. Ѝ го одзеле паричникот каде ги чувала парите и веднаш избегале со возилото во кое ги чекал осомничениот.

Поради можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците и опасност осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за полнолетниот осомничен. За децата постапката е раздвоена“, се вели во соопштението од обвинителството.​​

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ